Кампањата за безбедност во сообраќајот продолжува под знакот на Меѓународниот ден на жената

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани, во соработка со Општина Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“ и Полициската станица – Кочани  денес ја  продолжи кампањата за безбедност во сообраќајот, во знакот на Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

Сообраќајната патрола делеше информативни летоци со пораки за внимателно и безбедно движење и управување на возилата, а во чест на празникот, жените учеснички во сообраќајот добиваа цвет.   

Кампањата за внимателно и безбедно учество во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи ќе продолжи и во наредниот период. 

Сподели: