Кандидатите за советници на СДСМ на прес: Изградба на дом за стари и изнемоштени лица

Почитувани сограѓани,

Само со грижа за секој поединец, можеме да создаваме еднакво општество за сите.
Затоа, продолжуваме да инвестираме во капитални проекти кои носат локален економски развој, нови работни места во општините и повисок животен стандард.

Еден од неколкуте капитални проекти кои се дел од програмата на нашиот сегашен и иден градоначалник Николчо Илијев е изградбата на дом за стари и изнемоштени лица.

Со иселувањето на младите сè почести се проблемите кога нивните родители остануваат сами и нема кој да се грижи за нивното здравје.

Исто така, во овој динамичен свет, сè почесто семејствата не можат и немаат време секогаш да бидат постојано со оние стари лица на кои им е потребна нега.
Затоа, изградба на дом за стари и изнемоштени лица е проект кој е неопходен, како за општина Кочани така и за регионот во целина.

Проектот предвидува капацитет од 156 лица, изграден од приземје и три ката со вкупна корисна површина од 5.568 м². Тој има регионално значење затоа што е поддржан од сите соседни 11 здруженија на пензионери од другите градови што гравитираат околу Општина Кочани.

После сè она што е сработено изминативе четири години, нема ниту конкуренција, ниту друг концепт.
Покажавме дека умееме постојано да одговараме на предизвиците и посветено да ги совладуваме тешкотиите.
Ние сме за Кочани со европски лик и задоволни граѓани!

Ви благодарам!

Душанка Горгиева Трпевски
Кандидат за советник предложен од СДСМ и коалицијата

Сподели: