Кандидатката за пратеничка на СДСМ и коалицијата во треттата изборна единица, Душанка Горгиева Трпевски попладнево го оствари своето избирачко право на претседателските и парламентарни избори во Македонија.
Горгиева-Трпевски гласаше на избирачкото место 843 лоцирано во градската библиотека „Искра“ во центарот на Кочани, при што за медиумите ја даде следнава изјава:
– Денес сите полнолетни граѓани на Македонија се исправени пред иднината на државата. Бираат претседател и нов парламентарен состав. Верувам во демократскиот потенцијал и нивната зрелост дека гласајки знаат да се грижат за себе и за иднината на своите деца. Верувам дека ќе изберат власт што ќе ја води државата по сигурен пат со европска перспектива. Посакувам фер и демократски избори, сите да бидат сојузници за подобро утре со високи стандарди и вредности, истакна кандидатката за пратеник на СДСМ од Кочани, Душанка Горгиева-Трпевски.
И. Матеничарски