Кандидатот за градоначалник на Кочани, Николчо Илијев утрово го оствари своето гласачко право

Кандидатот за градоначалник на Кочани, предложен од СДСМ и коалицијата, Николчо Илијев, утрово го оствари своето гласачко право на избирачкото место 838 во гимназијата „Љупчо Сантов“ во Кочани.

Илијев во придружба на сопругата Велика, утрово точно во 10 часот го дадоа својот глас, при што Илијев по гласањето порача дека локалните избори се можност граѓаните масовно да излезат и на еден демократски начин да ја изразат својата политичка волја.

-Денеска граѓаните на Општина Кочани имаат можност по 7 пат да излезат и да гласаат на Локалните избори што се организираат во нашата држава. Граѓаните на Кочани имаат убава можност масовно да излезат и на еден демократски начин да ја изразат својата желба на локалните избори, бидејки Кочни и граѓаните на Кочани го заслужуваат најдоброто, истакна во кратка изјава, кандидатот за градоначалник на Кочани, Николчо Илијев.

Видео изјава со клик ОВДЕ.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: