Кандидатот за пратеник на СДСМ Марија Ангелова го оствари своето гласачко право

Кандидатот за пратеник на СДСМ од Кочани, Марија Ангелова утрово го оствари своето право на глас, во избирачкото место со број 0837 лоцирано во СОУ„Љупчо Сантов“ Кочани.

Во таа прилика во кратка изјава пред медиумите рече:

-Очекувам фер изборен ден, мирни избори, да ги почитуваме протоколите за заштита и да гласаме сите за иднината на нашата земја. Нека победи подобриот- истакна  Марија Ангелова, кандидат за пратеник во изборната единица 3 на СДСМ од Кочани.

Марија Ангелова се наоѓа на осмата позиција на кандидатската листа на коалицијата„Можеме“ во изборната единица 3.

И.Матеничарски

Сподели: