Каранфили за жените возачи и пешаци по повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената

Под мотото „Вози одговорно, честит 8 Март“, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Одделението за внатрешни работи – Кочани со поддршка на членовите од Медиумскиот клуб „Ким Ко Инфо“ при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани спроведоа празнична акција преку која на жените возачки им го честита денешниот празник.

На улицата „Маршал Тито“ кај поштата полициски службеници ги запираа возилата управувани од жени, при што членовите од Медиумскиот клуб „Ким Ко Инфо“ им го честитаа празникот подарувајќи им симболичен подарок, цвеќе каранфил.

Полициските службеници од Полциското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР- Кочани на учесничките во сообраќајот во рамки на активноста делеа едукативен материјал за подигање на свесноста и важноста за одговорно управување на моторни возила и учество во сообраќајот.

Освен на жените возачи, учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и полицијата им го честитаа празникот и на жените пешаци во сообраќајот како загрозена категорија учесници во сообраќајот.

Според статистиката во сообраќајот, жените возачи се поодговорни, ретко возат во алкохолизирана состојба, не возат брзо и агресивно и повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

И. Матеничарски

Сподели: