Кај кочанчанка пронајден сигнален пиштол и муниција без соодветна документација

На 08.01.2024 во 18.35 часот по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од ОВР Кочани ја привеле Џ.К.(22) од Кочани и го повикале на службен разговор Г.Д. (39) од с.Облешево, Општина Чешиново Облешево, затоа што кај неа биле пронајдени и одземени еден сигнален пиштол, 14 неиспукани патрони и 8 испукани патрони за истиот пиштол-сигнална муниција, кој што неовластено ги зела од Г.Д. за кои тој не поседувал соодветна документација.

По комплетирање на случајот против Џ.К. и Г.Д. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ОВР – Кочани

Сподели: