Во пресрет на почетокот на вториот дел од првенството во 2МФЛ-Исток, управата на ГФК „Осогово“ го назначи Кирчо Горгиев за нов тренер на „Осогово“. Впрочем тој по неколку месеци пауза се враќа во клубот каде што претходно работеше како асистент.
Новиот предводник на „жолто-сините“ во својата тренерска кариера има работено во ФК „Зрновка“, ФК „Слога Виница“, и ФК „Каменица САСА“. Горгиев веќе денес ја направи првата прозивка откако беше одржан состанок со играчите и управата.
Официјалниот дел од подготовките ќе започне утре, а истите ќе се одвиваат на Градскиот стадион „Никола Мантов“. Планирано е одигрување на четири контролни дуели.
„Прво и основно што сакам да воведам е ред и дисциплина, а тоа носи и максимална работа. Амбициите се јасни, а тоа е да се обидеме да избориме опстанок што ќе биде тешко, но и не и невозможно. Нивото на играта ќе мора да го кренеме на едно завидно ниво. Екипата во однос на есенскиот дел ќе претрпи големи промени“, изјави Горгиев.