Кирчо Горгиев останува на чело на ГФК„Осогово“

Првиот тренер на клубот, Кирчо Горгиев го обнови договорот и во следната сезона останува на кормилото на ГФК „Осогово“.

Откако стана јасно дека нема услови сезоната да се доигра и „Осогово“ доби известување од ФФМ дека истата се прекинува, а со тоа и клубот останува во втората лига, раководните лица започнаа со кроење на тимот за следната сезона.

На нај осетливата позиција тренер на првиот тим, управата ја доби довербата во досегашниот предводник Кирчо Горгиев. Тој со неговата заложба од претходната полусезона кога застана на чело на тимот во најтешкиот период и со неговиот ангажман и посветеност во клубот и со играчите ги надминаа сите пречки кои беа поставени од почетокот на сезоната.

Георгиев немаше многу натпревари позади него откако започна втората полусезона, но од постигнатото до моментот кога беше прекината лигата и тоа како наметна ред, дисциплина и позитивна атмосфера во соблекувалната и на теренот.

Во следниот период клубот ќе ги објави и неговите помошници како и новите играчи и оние кои го продолжиле договорот.

Сподели: