КК “Баскет Дино” и КК “Струмица Ролинг” донираа 2 илјади евра за настраданите во Кочани

Кошаркарскиот клуб “Баскет Дино” заедно со КК “Струмица Ролинг” донираa 125.000 денари од хуманитарниот натпревар од последното коло во Трета лига кое што се одигра на 29 март.

Сите собрани средства беа донирани за настаданите од големата трагедија што се случи во ,,Пулс”. Парите се префрлени во Црвен Крст каде што од таму ќе бидат наменети за помош на настраданите. Во скоро време ќе се организира хуманитарен натпревар за настраданите, а за подетални информации ќе бидете известени набрзо, соопштија од КК “Баскет Дино” Кочани.

КК,,Баскет Дино” своите натпревари од М18 лигата пред домашна публика ќе ги игра во хуманитарен карактер каде сите собрани средства ќе бидат донирани, додадоа од клубот.

КК “Баскет Дино”

Сподели: