КК „Кочани“ – Освоени 10 медали на карате турнирот „Фунакоши Гичин“ во Скопје

Вкупно 10 медали освоија каратистите од карате клубот „Кочани“ на турнирот „Фунакоши Гичин“ што вчера се одржаа во Скопје во силна конкуренција на каратисти и карате клубови од целата држава.

Први места и златни медали освоија Томислав Ристов во категориите помлади кадети до 45 и до 48 кг, Алексеј Ристов во категоријата ученици до З4 кг и Лука Златков кај помладите кадети до 52 кг.

Со сребрени медали од турнирот во Скопје се вратија Магдалена Николова во категоријата помлади кадетки над 55 кг и Лука Ѓоргиев кај кадетите до 63 кг.

Третопласирани со бронзени медали се Петар Стаменков во конкуренција на кати за каратисти родени 2017 година и помлади, Душанка Ристова кај помладите кадетки до 45 кг и до 47 кг, како и Лука Златков кај помладите кадети до 57 кг.

Турнирот беше во организација на Карате федерацијата на Македонија.

Сподели: