Викендов во Скопје, Карате клубот „Кочани од Кочани учествуваше на Државното првенство во карате за деца од 10 до 13 години.

Кочанските каратисти настапија со седум натпреварувачи од кои шестмина обезбедија финале при што освоија шест медали од кои два златни и четири сребрени.
Златните медали ги освоија Катерина Стојановска и Лука Златков, додека Ана Костадинова, Илина Костадинова Душанка Ристова и Томислав Ристов се закитија со сребрени медали. Дамјан Симеонов заврши како петти.
Сите освојувачи на медали во склоп на Репрезентацијата на Македонија обезбедија учество на Балканското првенство кое во периодот 30.05 – 01.06 2025 година ќе се одржи во Бар, Р. Црна Гора, соопштија од КК „Кочани“: