Во рамки на 57. издание на Драмскиот аматерски фестивал, вечерва на летната сцена на НЦУК„ Бели мугри“ со почеток од 19:30ч ќе се одигра претставата „Класен непријател“ на авторот Најџел Вилијамс, во изведба на театарската група од Домот на културата „Тошо Арсов“ Виница. Претставата е во режија на Столе Мицов, а ќе ја одиграат Филип Стоилов, Мартин Милевски, Кристијан Ефтимов, Стефан Лазаров, Матеа Стојкова и Сара Јосифова.
За в сабота (12.09)според програмата се предвидени два настани.
Во кафе бар „Рокси“ со почеток од 14:00ч ќе се одржи промоција на љубовната авторска поезија на поетесата Марина Гоцевска. Во вечерниот термин од 19:30ч, на летната сцена на НУЦК „Бели мугри“ драмското студио „Спотлајт“ од Штип ќе ја изведе претставата „Who the fuck is sunday“ на авторот Весна Куселска. Претставата е во режија на Ефтим Трајчов-Ѓаурски и асистент Стефанија Трифунова. Претставата ќе ја одиграат Спаско Алексов, Дарко Наковски, Марија Велинова, Деана Петреска, Марија Берслиска, Стефанија Трифунова, Јоана Нашкова и Славица Ивановска.
Посетителите на настаните на Драмскиот аматерски фестивал се должни да ги почитуваат препораките за заштита од болеста КОВИД-19.
И.Матеничарски