Клубски пречек на ПСК „Осогово“ за планинарот Зоран Николов кој се искачи на Аконкагва

Планинари и членови на Планинарски-спортскиот клуб „Осогово“ Кочани денеска во клубските простории организираа свечен дочек на планинарот Зоран Николов,  по неговото враќање од експедицијата во Јужна Америка за искачување на највисокиот врв на планинскиот венец Анди, врвот Аконкагва (6.962 м.н.в).

Планинарот Николов со уште тројца македонци минатата недела го искачи врвот во експедиција со уште двајца планинари од Р. Србија.

Искачувањето на врвот поминало во најдобар ред, иако најчесто таму условите се сурови, македонските планинари ја имале среќата да начекаат добри врееменски услови. Експедицијата траела неколку денови при што Никлов и колегите планинари поминале различни базни кампови меѓу четири и пет илјади метри за да обезбедат аклиматизација и подготвеност на телото за искачувањето.

Николов е штипјанец, но член на ПСК „Осогово“. Најголем дел од потребните средства за експедицијата ја обезбедил од сопствени средства како и донации.

И. Матеничарски

Сподели: