Клуч за угостителските објекти во Трговскиот центар во Кочани

Со новите рестриктивни мерки утврдени од вчера, угостителските објекти во Кочани од утрово осамнаа затворени. Мерките ќе важат во следните две недели. Единствено изземени се угостителските објекти кои имаат достава на храна на принцип на пулт или пијалоци за носење.

До 20 април полицискиот час ќе почнува од 20 часот, а ќе трае до 5 наутро. Оние што имаат домашни миленичиња ќе можат да ги изнесат надвор еден час, од 22 до 23 часот, и тоа најмногу 100 метри од местото на живеење. Затворени се фитнес и спортските сали, се забрануваат семинари, обуки и слично, а обложувалниците ќе работат шалтерски.

Во наредните две недели македонските граѓани ќе живеат под строги рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Сподели: