Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денес одржа прес-конференција за медиумите во Кочани.
– Секаде каде одиме се чувствува ентузијазмот за промени кај луѓето. Така е и овде во Кочани, луѓето се повеќе се приклучуваат кон промените. Нашиот градоначалник во изминатиов период имаше опструкции од централната власт, меѓутоа со промената на власта ќе има инвестиции во Кочани. Предвидуваме 4 милиони евра од централниот Буџет за нова инфраструктура, нови градинки, улици и тротоари. Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на железничката пруга Кочани-Велес.
Ковачки додаде дека граѓаните на Р. Македонија се подготвени за нова иднина и надеж.
– Ве повикувам на 24 април сите масовно да излеземе, да дадеме поддршка за нашиот претседателски кандидат, Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај да ја верифицираме победата со голема излезност и победа на ВМРО-ДПМНЕ, додаде Ковачки.
И.Матеничарски