Ковачки: Предвидуваме 17 милиони евра за капитални проекти во Кочани

Носителот на пратеничка листа во изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска на прес-конференција од Кочани најави низа капитални проекти што се планирани за градот, во рамки на партиската програма Платформа 1198.

– За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандата, потоа реконструкција на пругата Кочани-Велес, третман на атмосферски и фекални води на Пониква и 17 милиони евра за нашиот град Кочани, за изградба на јужниот булевар, за изградба на катна гаража и за изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани, пред нас се историски избори, на 8 мај ве повикувам сите да се придружите и заеднички да ги донесеме промените, да донесеме победа за Македонија, да заокружиме за бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на Република Македонија, истакна Ковачки на прес-конференција од Кочани.

Сподели: