Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО – ДПМНЕ на трибина со оризопроизводителите од Кочанско

Централната комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО – ДПМНЕ во Мултикултурниот центар во Кочани организираше трибина за оризопроизводителите од Кочанско.

Трибината која е една од низата што ги спроведува најголемата опозициска партија во Македонија има за цел директно да се слушнат предизвиците со кои се соочуваат оризопроиводителите, но и можност да се понудат проекти и мерки за подобрување на состојбата со оризопроизводителството во кочанскиот регион.

– Денеска ја продолжуваме практиката на одржување трибини со земјоделците ширум Македонија. После онаа во струмичкиот регион, денеска се наоѓаме во Кочани на средба со земјоделците од овој регион. Со оризопроизводителите ќе разговараме за сите актуелни состојби во оризопроизводството, и сите оние проблеми кои што ги мачат земјоделците од овој регион. Она што ќе биде главна цел и поента на оваа трибина е тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди сериозни проекти и мерки што ќе значат излез од оваа тешка ситуација во која се наоѓаат оризарите бидејќи ова е една од гранките која што опфаќа сериозна категорија на луѓе и поголем дел од Македонија, затоа што овие земјоделци навистина заслужуваат да имаат достоинствен живот и она кое што го произведуваат да имаат одреден економски бенефит за нивното семејство, истакна од Кочани, Цветан Трипуновски, претседател на Централната комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО – ДПМНЕ.

Трибината беше можност оризопроизводителите дада дадат свои предлози и сугестии за подобрување на состојбите со оризопроизводството, пред се во делот на пласманот и откупната цена на оризот.

И. Матеничарски

Сподели: