Комората на психолози и Црвен крст со дебрифинг сесии за грижа за менталното здравје на учесниците во гаснењето на пожарите во Кочанско

Комората на психолози на Р. Македонија во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Црвен крст – Кочани, денеска спроведе работилници за психолошка поддршка на пожарникарите, волонтери во Црвен крст Кочани и локалното население кое учествуваше во гаснењето на пожарите во Кочанскиот регион.

Сесијата е плод на заедничка соработка на институциите со цел пружање на поддршка и грижа за менталното здравје на вклучените страни во гаснењето на пожарите за да се намалат страдањата и траумите доживеан за време на интервенциите.

-Целта на дебрифингот е всушност да се намалат страдањата и да  се канализираат доживувањата од одреден стресен настан. Техниката се употребува по проживеана траума од голем размер. Црвениот крст на град Скопје постојано има активности кои се насочени во насока на давање и пружене на психо-социјална помош поддршка, исто така со различни категории сме работеле зависно кој бил настанот, а исто така Комората на псохолози и за време на пандемијата имаше достапни телефонски линии за пружење на поддршка, истакна  Ивона Ѓоргиева, психолог од Црвен крст на град Скопје.

Освен Кочани дебрифинг сесии ќе добијат и пожарникарите од Берово и Делчево.  Работилниците се  спроведуваат од страна на лиценцирани психолози од Комората на психолози и овие сесии се наменети за грижа за менталното здравје на пожарникарите и сите учесници во гаснењето на пожарите.

И. Матеничарски

Сподели: