Компанијата „Амфенол“ со донациски акции го одбележува 7-миот роденден

„Амфенол Технолоџи Македонија“ во пресрет на прославување на својот 7-ми роденден спроведува низа активности во рамки на општествената одговорност на компанијата.

Менаџментот на компанијата поради настанатата ситуација со корона вирусот планира еден нов начин на одбележување на постоењето на компанијата, со вклучување во донаторски акции за заедницата.

Како општествено одговорна компанија тие денеска донираа 10.000 заштитни маски наменети за Општата болница во Кочани, а во периодот што следи, ќе се обезбедат и 120  таблети наменети за учениците во основните училишта во општина Кочани. Претходно „Амфенол Техонолоџи“ донираше диспанзери,  дезинфекциски средства и подлоги  за градинките и основните училишта во Кочани.

-Би сакал да ја искористам оваа прилика да го најавам одбележување на 7 години од постоењето на „Амфенол Технолоџи Македонија“. Месец октомври  е месецот кога во 2013 година почнавме со нашите активности и производство. За таа цел поради новонастанатите услови планираме со еден нов начин на одбележување да се прилагодиме спрема  условите и да ги испочитуваме сите правила и протоколи. Дел од средствата коишто генерално беа наменети за прослави оваа прилика ќе ги насочиме во донација и во помагање како општествено одговорна компанија, пред се на основните училишта со таблети и со заштитни маски на персоналот во Општа болница Кочани и низа други активности, рече Сашко Наков, директор на „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Наков додаде дека ситуацијата во „Амфенол“ се стабилизира во поглед на вработените и реализацијата, при што се очекува раст на производството од 8 до 10 проценти што за ваква кризна година е успех. „Амфенол“ целосно се справува со кроонакризата и се  грижи за здравјето и безбедноста на вработените, за што е назначен и КОВИД-координатор кој секојдневно ја следи ситуацијата во компанијата.

Валентина Андовска, КОВИД координатор во „Амфенол Технолоџи Македонија“ додаде дека компанијата ги почитува сите протоколи за заштита на вработените.

-Ситуацијата поврзана со коронa кризата во „Амфенол“ досега е под контрола.Производните процеси непречено се одвиваат. Обезбедени се сите најсовремени услови за заштита на нашите вработени. Тоа подразбира обезбедување на сите потребни средства за заштита коишто нашите вработени имаат можност да ги користат, тоа се термални камери на сите влезови и услови кои ветуваат грижа за нашите вработени, бидејки најважно ни е нивното здравје. Благодариме на совесноста на нашите вработени коишто навистина ги почитуваат сите протоколи и мерки за заштита, истакна Валентина Андовска, КОВИД координатор во „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Заради заштита на здравјето на вработените „Амфенол“ за своите вработени дава поддршка и во вакцинирањето против сезонски грип, за лицата кои сакаат да бидат вакцинирани.

Од  „Амфенол Технолоџи Македонија“ додаваат дека моментално во компанијата се вработени 1800 лица, само последниот месец се вработени стотина работници, а во тек се и интервјуа со надворешни лица за склучување на нови договори.

И.Матенчарски

Фото: А.Арсов

Сподели: