Компанијата „Антура МК“ во рамки на својата општествена одговорност денеска изврши донација на информатичка технологија наменета за основното училиште „Никола Карев“ – Кочани.
Донацијата се состоеше од 20 таблет – компјутери и еден саундбар-звучник, опрема што претставници на „Антура МК“ денеска ја врачија на одговорните во основното училиште.
-„Антура МК“ продолужва да ги следи досега воспоставените принципи на помагање на општеството, односно средината во која работиме. Една од своите инвестициски цели е потпомагање на социјално ранливите категории на граѓани. Денеска „Антура МК“ уште еднаш се вклучи со донација во ООУ „Никола Карев“ во која дониравме 20 таблет-компјутери и еден сауднбар систем. Се надеваме дека оваа донација ќе го подобри образовниот процес во училиштето, истана Емилија Ѓоргиева, претставник на компанијата „Антура МК“.
Дел од таблетите ќе бидат наменети за потребите на образовниот процес во училиштето, а другиот дел ќе биде даден на користење на ученици од ранливи семејства.
-Голема благодарност до компанијата „Антура“ која традицијата за донирање ја продолжува и оваа година. Дел од таблетите ќе бидат наменети за новата концепција на образование од 1 и 4 одделение, а другиот дел за социјално ранливите категории на деца од нашето училиште, истакна Билјана Петрова, директорка на ООУ „Никола Карев“ – Кочани.
Компанијата „Антура МК“ како општествено одговорна компанија и периодот што измина учествуваше во низа на активности за поддршка на училишта, спортски клубови и поединци од општината.
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов