Компанијата „Антура МК“ донираше нова техничка опрема за замена на разгласот во училишната зграда на ООУ „Никола Карев“ – Кочани.
Станува збор за систем за разгласување со звучници од марката „ГСП“ што во следниот период ќе бидат инсталирани во ходниците и училниците во училиштето.
– Огромно задоволство ни претставува тоа што нашето училиште почна да соработува и да станува препознатливо и за бизнис секторот. „Антура MK“ ни донираше опрема за целосна промена на разгласите во училиштето се со цел за подобрување на условите во училиштето и пријатна атмосфера во истото. „Антура MK“ покажа дека е одговорна општествена компанија која со голема донација придонесува во образовниот процес. Се надеваме дека и други одговорни општествени компании ќе ја препознаат нашата работа и ќе придонесат на разни начини за подобри услови во нашето училиште соопштија од ООУ ,,Никола Карев” – Кочани.