Компанијата „Веником“ викендов го реализираше тридневниот Coding Bootcamp  за средношколци

Компанијата „Веником“ викендов во Мултикултурниот центар во Кочани го реализираше бесплатниот Coding Bootcamp наменет за средношколци.

На кампот свое излагање имаа познати и реномирани професори и практичари од повеќе области во делот на ИТ, маркетинг и ПР секторот.

– Наша цел е да го пренесеме нашето долгогодишно знаење и искуство на средношколците низ неколкудневни тренинзи и предавања со познати и реномирани професионалци и практичари од повеќе области. Сакаме искрено да им помогнеме и пред се да ги мотивираме овие ученици да се обидат да станат идни програмери и основачи на ИТ компании кои ќе врабоитуваат млади луѓе од нашата општина и регион. Средношколците се запознаа со професионалци од ИТ, маркетинг и ПР индустријата, кои преку практични примери им го доловија процесот на креирање на софтверски решенија и промоција на продукти, истакна Иван Ивановски од компанијата „Веником“.

Поддршка во реализација на настанот даде и Локалниот младински Совет на Општина Кочани.

Сподели: