По традиција, во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, компанијата „ИНТ“ од Кочани подели пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена на семејства во социјален ризик.
Одговорните од тимот на Модната групација „ИНТ“истакнуваат дека намерата е да помогнат празникот да внесе мир и спокојство кај сите семејства, особено кај ризичните. Освен тоа, целта на овој гест е да ги мотивира сите што имаат повеќе, да поделат со луѓето што немаат, што едновремено претставува и поттик за поголемо меѓусебно почитување и човечност.
Божиќните пакети беа поделени на семејства на територијата на Кочани, во градот и во шест населени места: Грдовци, Бели, Оризари, Тркање, Горни и Долни Подлог.
Во распределбата на пакетите помогна Мобилниот сервис за домашна посета, кој учествуваше и во идентификацијата на потребите на семејствата во ризик.