Компанијата „Ледер“ донираше, а волонтерите од граѓанското здружение „Green“ денес ги поставија дваесетте куќички за птици на дрвјата покрај кејот на „Кочанска река“.
Куќичките ќе им служат на птиците како прибежиште во студените денови, но и ќе го разубават просторот на шеталиштето покрај кејот.
Од граѓанското здружение „Green“ се заблагодарија за донацијата на „Ледер“ , а воедно упатија и апел до граѓаните да не ги оштетуваат и уништуваат куќарките.
И.Матеничарски



