Компанијата „Ледер“’ подари телевизор на првороденото бебе во Кочани

Компанијата „Ледер“ ја продолжи традицијата и оваа година на  првото новороденче во Кочани  му подари ЛЦД телевизор.

Претставници од компанијата денеска ги посетија новороденчето и неговата мајка, посакувајки им желби за здравје, среќа и заеднички радосни моменти.

Новороденчето е втора принова во семејството Стојанови и е првото родено бебе во 2020 година во кочанската Општа болница.

И.Матеничарски

Сподели: