Компанијата „Руен Инокс Автомобиле“ донираше 214 новогодишни пакетчиња за Детската градинка „Павлина Велјанова“ – Кочани за објектите „Ѕвездички“ и „Кокичиња“ во пресрет на новогодишните и Божиќни празници.
Донацијата е традиционална активност на кочанскиот бренд во автомобилската индустрија.

– Утрово ја доставивме донацијата од 214 пакетчиња наменета за дечињата од ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани. Ова е наша традиционална активност во пресрет на празниците, кратко соопштија од компанијата.