Општина Кочани распиша конкурс за доделување стипендиja на спортист-спортска надеж на општина Кочани за остварени спортски резултати и достигнувања во 2019 година.
Право на стипендија имаат жителите на општина Кочани на возраст од 17 до 20 години, членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт со решение за вршење дејност спорт.
Исто така кандидатите треба да се членови на национални спортски федерации, спортисти во индивидуални и во екипни спортови врз основа на остварени спортски резултати, учесници на национални или на меѓународни систем натпревари во борење, велосипедизам, гимнастика, карате, кошарка, скијање, тенис, триатлон, фудбал и во шах.
Месечниот износ на стипендијата е 3 илјади денари, а ќе се доделува за време од шест месеци во 2020.
Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани за 2020 година. Рокот за поднесување на потребната документација е до 24 јануари , преку Едношалтерската канцеларија или по пошта.
Целиот конкурс можете да го погледнете тука.