Под наслов „Харпијан“, музичарите Благој Николов и Андреј Наунов, в сабота на 19 септември, на платото пред Спомен-домот „АСНОМ“ во Кочани ќе приредат концерт на популарна класична музика, на хармоника и пијано.
Концертот е во рамките на Годишната програма на Министерството за култура, а ќе се одржи според предвидените протоколи за организација на културни настани, со почитување на мерките за заштита и спречување на ширење на коронавирусот.
Концертот на Николов и Наунов ќе започне во 19 ч.