Концесионерот на ски-лифтовите, компанијата „Еуроком“ повторно ја оспособи Ски-патеката 1 на Пониква, која во текот на вечерта беше „преорана“ со џипови од страна на несовесни граѓани.
Интервенирано е со рачно порамнување на патеката и носење на снег од други локации, со цел да се оспособи за скијање. Претпладнето патеката целосно е ставена во функција.
Љубителите на зимските спортови може да го искористат снегот на Пониква за скијање, а во целосна функција е ставен и ски-лифтот на патеката.
И. Матеничарски