Коритото на Кочанска Река – џунгла

Висока трева го обрасна коритото на Кочанска Река, како во централниот дел на течението на реката така и во периферните делови.

Сликата во строгиот центар на градот е застрашувачка. Висока трева и останата вегетација го грдат погледот на Кочанска Река, а поради високата трева и температури постои ризик од појава и на влекачи.

По обилните врнежи од дожд што изминатиот период го зафати Кочани, речиси сите јавни површини со трева изгледаат идентично несредени.

Пример за тоа е и тревата која нарасна и го покри срамот на надлежните служби, а се однесува на камењата од оградниот ѕид на реката во строгиот центар на градот, кои по сообраќајна несреќа пред повеќе од шест месеци останаа како нем сведок во речното корито.

Време е КЈП „Водовод“ Кочани да го намалат секојдневниот пи-ар од соопштенија до медиумите и да се фатат за работата за која се платени.

И. Матеничарски
Фото: А. Арсов

Сподели: