Во Зрновци увид во проектите кои се тек на реализација

При денешната посета на Општина Зрновци од страна на под Претседателката на ВМРО-ДПМНЕ, госпоѓа Гордана Димитриеска-Кочоска , пратениците во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, господинот Миле Лефков и Зоран Коцевски извршивме :

Увид во градежни активности на чистење на Зафат на Видовишка река со градежни машини, изграден 1975 година, кој целосно беше натлачен и обраснат со шума.Оваа активност претставува основа за почеток за оспособување на водоснабдителниот систем во село Видовиште и решавање на две деценискиот проблем на жителите за постојано водоснабдување.По ова ќе следи чистење на таложниците и постоечкиот резервоар како и изградба на нов резервоар од 60 кубика во вредност од 2 000 000 денари.

Морошка река на место каде во периодот што следи ќе се започне со реализација на два проекти:

– Изградба на зафат на Морошка река за акомулација на вода за наводнување- Изградба на Каптажа за постојано водоснабдување на постоечкиот резервоар за вода во село Мородвис Вкупната вредност на овие 2 проекти е околу 3 000 000 денари, а со реализација на нив ќе се реши две деценискиот проблем на жителите на село Мородвис

На мост Капетан Синиша Стоилов каде во завршна фаза се градежни активности санација и реконструкција на мостот.Општина Зрновци е најмала општина со најмал буџет, затоа изминатиот период максимално се посветивме на изготвување на проектна документација, за 3 месеци изготвени и аплицирани вкупно 15 проекти, кои што значително ќе го подобрат секојдневието на сите граѓани на Општина Зрновци. Истите ги аплициравме на јавни повици од страна на Министерствата и институциите и во периодот што ќе следи очекуваме започнување на нивна реализација во 2022 година

-Изградба на 3 каскади на Зрновска река и бетонирање на два канали за наводнување Виничка и Морошка вада во вредност од 9 500 000 денари

-Изградба на 2 нови резервоари за водоснабдување од 4 000 000 денари-Изградба на прочистителна станица за фекални и отпадни води во вредност од 2 000 000 денари-Изградба на крак за канализација на улица Илинденска во вредност од 1 000 000 денари

-Изградба на зафат на Морошка река и Каптажа за водоснабдување во село Мородвис во вредност од 3 000 000 денари-Реконструкција и асвалтирање на два нови локални патишта и две улици во вредност од 450 000 евра

Општина Зрновци

Сподели: