Маж на возраст од околу педесетина години попладнево е пронајден мртов во својата дом на улицата „Митко Беќарски“, во Ромското маало во Кочани.
Според информациите до кои дојде интернет порталот glasno.mk, станува збор за лице кое живеело само и имало срцеви проблеми.
Лицето го пронашле соседите, по што веднаш била повикана итна медицинска помош и полиција. Во моментот се врши увид, а се очекува посмртно да му биде земен брис за КОВИД-19.
Од Општинскиот кризен штаб за glasno.mk ја потврдија информацијата за смртта на кочанецот. Од таму додаваат дека на лице место е излезен Јавен обвинител кој констатирал дека на телото на починатиот нема траги на насилство.
Според извештајот на докторите, лицето починало како последица од сериозни здравствени проблеми со срцето.
И.Матеничарски