Кочанец со 100 евра сакал да ја подмити комисијата за полагање возачки испит

На 29.07.2020 на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода И.Д.(44) од Кочани, затоа што во 12.30 часот, пред закажан термин заполагање на возачки испит, на службените лица за полагање на возачки испит при Сообраќаен испитен центар од Штип им дал една банкнота во апоени од 100 евра, барајќи од нив да му овозможат да го положи возачкиот испит.

Службените лица го пријавиле случајот,по што бил извршен увид од увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кочани и по комплетирање на случајот против И.Д.ќе биде поднесена кривична пријава.

Извор: Дневни билтени на СВР Штип

Сподели: