Кочани викендов пулсираше во ритамот на борењето

Koчани викендов  беше центар на борењето во Македонија, каде по повеќегодишна пауза пред публиката во Кочани се одржаа две Државни првенства во борење за сениори/ки до 15 години и јуниори/ки до 20 години.

На програмата во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“, во организација на Боречката федерација на Македонија и техничка организација на БК „Спартак“ – Кочани денеска се одржа Државното првенство во борење за сениори/ки до 15 години.

На првенството настапија сто и шеесет натпреварувачи во машка и женска конкуренција, од петнаесет клубови од државата, распоредени во десет натпреварувачки категории. 

Екипно во машка конкуренција најуспешни беа борачите на „Лирија“ – Скопје со најмногу освоени медали , второто место и припадна на екипата на „Балканец“ – Штип, додека треттопласирани беа борачите на „Чаир“.

Во женска конкуренија најмногу медали освоија борачките на „7 Мај“ – Прилеп, по нив следуваше екипата на „Вардар“ и третото место и припадна на борачките  на „Балканец“ – Штип.

Најуспешен од боречкиот клуб „Спартак“ беше Филип Ангелов на кој ова му беше прв настап на Државно првенство во борење. Со две победи и еден пораз, Ангелов го освои треттото место во категоријата до 68 килограми. Во категоријата до 57 килограми без пласман, успешен настап со една победа имаше борачот на „Спартак“ Столе Јангеловски.

Одличната организацијата на Државни првенства во борење од страна на БК „Спартак“ е добра најава, Кочани во иднина почесто да биде дел од мапата на градови домаќини на Државни првенства во борење.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: