Кочани: ВМРО-ДПМНЕ победи на двојните избори – Миле Лефков единствен пратеник од Кочани во новиот парламентарен состав

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За твоја Македонија“ убедливо победија на двојните избори како во Македонија така и на локално ниво во Кочани.

Според обработените податоци на Државната изборна комисија, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова во Кочани освои 11.855 гласови, додека Стево Пендаровски од СДСМ освои 4.515 гласачи на своето конто.

На парламентарните избори, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво во Кочани освои 9.760 гласови, СДСМ 3.689, по нив следи Движењето ЗНАМ за наша Македонија со 1.430 и партијата Левица со 1313 гласови на своето конто.

Од кандидатите за пратеници во новиот парламентарен состав, единствено кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков ќе биде старо-нов пратеник во македонското Собрание. Кандидатката на СДСМ, Душанка Горгиева Трпевски од СДСМ, Суад Мехмед и Стефанка Стефановска од ЗНАМ и Нина Гочевска од Левица не успеаа да влезат во новиот парламентарен состав.

И. Матеничарски

Сподели: