Кочани го одбележа Меѓународниот ден без автомобили 

По повод Европска недела на мобилност и Меѓународниот ден без автомобили,  денеска во Градскиот парк во Кочани се одржа едукативен настан со ученици од  кочанските  основни училишта. 

Ученици од одделенска и предметна настава настапија на велополигон и ги подобруваа велосипедските вештини и знаења, а дел твореа со лего-коцки на тема: Како сакам да изгледа мојот град. Учесниците имаа можност да се запознаат со велосипедските делови преку различни видови едукативни игри. Преку симулација на пешачки премин, учење рачни сигнали, сообраќајни знаци, користење на заштитна опрема, учество во бавна трка, стекнаа нови знаења за безбедноста при возење велосипед. 

Настанот е дел од проектот: „Зад урбаното“, финансиран од ЕУ-програмата URBACT, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и ОСБСП – Кочани. 

Сподели: