Кочани домаќин на Државното екипно првенство во џудо на Македонија

Во техничка организација на ЏК „Гладијатор“, денеска во Спортската сала во Кочани се одржа Државното екипно првенство во џудо на Македонија.

На натпреварувањето учествуваа четири џудо екипи од државата со преку 40 џудисти кои се натпреваруваа во различни категории.

-Во техничка организација на ЦК „Гладијатор“  денеска во Кочани се одржува екипно првенство во џудо. Учествуваат четири екипи од кои „Сеишин“ – Прилеп, „Гладијатор“ – Кочани,  „Миоки“ – Скопје и „Ипон“ – Скопје.  Имаме одличен успех. Присуствуваат членови на Џудо федерацијата на Македонија и интернационални судии.  Мислам дека со оваа традиција ќе продолжиме и наредната година како и претходните години, се со цел за популаризација на џудо спортот како во Кочани така и во Источниот регион на Македонија, рече Драган Шеќеровски од ЏК „Гладијатор“ – Кочани.

Екипно првото место со највеќе освоени медали им припадна на џудистите од ЏК „Ипон“ од Скопје,  второпласирана беше екипата на „Сеишин“ од Прилеп, додека домаќинот „Гладијатор“  го освои третото место на натпрварувањето.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: