Кочани домаќин на Изборното првенство во борење У 15

Во организација на Боречката федерација на Република Македонија и техничка организација на Боречкиот клуб „Спартак“ – Кочани денеска во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани се одржа Изборното првенство во борење до 15 години.

На првенството настапија натпреварувачи во машка и женска конкуренција распоредени во 11 натпреварувачки категории. Најдобрите од натпреварувачките категории влегуваат во репрезентацијата на Македонија У15 во категорија до 15 години, информираа од БФРМ.

На првенството настапиј борачи родени 2008 и 2009 генерација  регистрирани за настапи во 2023 година, а со специјален лекарски преглед  и борачи родени 2010 година.

Во склоп на Изборното првенство се одржува и тридневена работилница како дел од проектот за фер пеј, антидопинг и повреди во спортот во соработка со Борачките федерации на Хрватска и Србија.

Практичниот дел од работилницата се одржа во Кочани, додека теоретскиот дел во Штип. На работилницата присуствуваат тренери и борачи од Македонија како и гости од Хрватска и Србија.

И. Матеничарски

Сподели: