Кочани домаќин на мото-релито „Македонија независност“ 2020

Кочани денеска беше домаќин на 29-тото Меѓународно мото-рели „Македонија независност“ што во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија се одржува традиционално.

Околу триста  моторциклисти од Македонија продефилираа низ кочанските улици, при што направија попатна пауза во Кочани. Мото-релито е од меѓународен карактер, но поради состојбата со КОВИД-19 оваа година немаше моторциклисти од странство.

Организацијата на настанот во Кочани и припадна на членовите на мото-клубот „Желки“, на чело со претседателот на клубот Момчило Хаџи Паунов.

-Се работи за 29-тото традиционално Мото-рели „Македонија независност“ кое секоја година се одржува по повод 8-ми Септември, Денот на независноста.  Оваа попатна пауза во Кочани ја организира Мото-клубот „Желки“ од Кочани, клуб што постои од април 2019 година. Досега не сме имале прилика јавно да настапиме пред нашите сограѓани, ова е прва наша шанса со организирање на попатна пауза.  Благодарност до „Кузе Моторс“ и угостителскиот објект „Але-Дар“. Благодарност и до Општина Кочани кои со скромни финаниски средства ни дадоа  многу важна поддршка во организација на оваа манифестација. Нашиот мото клуб има цел и задача да ја развива свеста кај сите моторциклисти, да бидат повнимателни учесници во сообраќајот и задолжително да носат заштитна опрема . Воедно упатуваме и апел до сите други учесници во сообраќајот да внимаваат на моторциклистите како ранлива категорија на учесници во сообраќајот- изјави Момчило Хаџи Паунов, претседател на мото клубот „Желки“ од Кочани.

На мото-релито присуствуваше и претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија, Зоран Трајковски.

-Ова е 29-то  рели по повод независноста и единствен настан во републиката што се одржува по 29-ти  пат. Има околу триста учесници, рутата е стандардна со мали измени. Благодарност до мото-клубот „Желки“   што ни го овозможи овој пречек во Кочани, истакна Зоран Трајковски, претседател на Мотоциклистичка федерација на Македонија.

По кратката пауза во Ресторанот „Але-дар“, моторциклистите продефилираа низ централните градски улици во Кочани, продолжувајки за Македонска Каменица, Делчево, Берово и Стумица, а своето возење ќе го завршат во Дојран каде е планирано ноќевање.

Вториот ден од мото-релито ќе се вози низ Центалниот дел на Македонија со ноќевање во Охрид, а последниот ден низ Западна Македонија со пристигнувње во Скопје.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Меѓународно Мото-рели "Македонија независност"

Gepostet von Glasno.mk – Информатор за град Кочани am Freitag, 4. September 2020
Сподели: