Наредниот период со средства од општинскиот буџет се очекува реконструкција на тротоарот од десната страна на „Тодосија Паунов“, кој според најавите ќе добие обележани велосипедска и пешачка патека.
Во меѓувреме стручните служби во Општина Кочани разработуваат уште неколку решенија за подобрување на сообраќајниот проток, но и за паркирањето во централното градско подрачје во Кочани
Продолжува обележувањето на пепшачките премини, паркинзите, полни и испрекинати линии, автобуски и такси постројки.
Ова се нашите идеи кои беа испратени по електронски пат до Општина Кочани:
- На улицата Тодосија Паунов на потег од автобуската станица до СОУ Гошо Викентиев десната коловозна лента во двата правци да биде велосипедска патека со ширина од по еден ипол метар (подоцна да биде изграден и тревник со дрворед со ширина од 2 метри), тоа ќе биде и првата велосиепдска патека која може да се користе за рекреација од два километри во еден правец (вкупно 4 км), а подоцна ќе се користи и како безбедно одење на училиште со велосипед.
- Поставување на велосипедски паркинг во трговскиот центар каде секој ќе може безбедно да го паркира својот велосипед бесплатно, со тоа ќе се намали бројот на автомобли во центарот на градот, овој паркинг да биде паралелно со паркингот за возила кај Телеком со што поради близинатаа на кафичите ќе се избегне кражба на велосипедите и истиот ќе биде со модерен дизајн и нема да го наруши изгледот на трговскиот центар.
- На потегот од СРЦ Бавчалук до Брана Градче да се исчисте десната страна од одрони и гранки за безбедно возење велосипед, а левата страна да се тампонира со најмлаку 1 метар квалитетен тампон (на местата каде што има услови) за да се користет како патека за безбедно пешачење и корпи за отпадоци на секој сто метри, овај патен правец да се мие со вода секој петок поради големата фрекфенција на луѓе за време на викенд со тоа ќе се подигне хигиената и редовно за викенд да се празнат корпите за отпадоци.
- Итно да се обележат паркинзите, пешачките премини, испрекинати и полни линии, задолжително поставување знаци пред секој пешачки премин, поради поголема безбедност да се постават заштитни столбви два метра пред и по пешачкиот премин и на самиот пешачки премин за физички да се спречат возилата да се паркират, итна санација на дупките и шахтите со искусна фирма која професионално и рамно со асфалто ќе ги санира НЕ со ладен асфалт, НЕ за импровизации.
Со почит, КочаниНаТочак