Во организација на Боречката Федерација на Р. Северна Македонија (БФРСМ) и Светската Боречка Асоцијација (УВВ) во Кочани неделава се реализира курс за тренери и судии во борење.
Курсот содржи теоретски и практичен дел, а едукатор е Георги Средков за тренери – ниво 1. На крајот од курсот учесниците ќе добијат сертификати за учество на првенства во борење.
Од БК „Спартак“ на курсот за тренери ќе учествуваат Влатко Соколов и Зоран Сребренов, додека за судии Гоце Ангелов и Игор Христов. Едукатор кој ги обучува судиите е Давор Петање од Р. Хрватска.
– Теоретскиот дел се одрчува во конференциска Сала во Хотел „Сити Ин“ -Кочани, а практичниот дел во Спортската Сала во Кочани. Особено не радува што нашите тренери и судии се вклучени максимало и се трудат да стекнат повеќе знаење, кое ќе можат да го пренесат на нашите борачи. Благодарение на нашите едукатори, кои несебично го пренесуваат своето знаење на нашите тренери и борачи, Олимпискиот Комитет, организаторите од БФРСМ и секако Светската Боречка Асоцијација ќе успееме да го издингнеме борењето во нашата држава на едно повисоко ниво – истакнаа од Боречката Федерација на Р. Македонија.