Државната мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот во Кочани од вчеравечер и изутринава покажува високо и многу високо ниво на загадување на амбиениталниот воздух.
Според податоците од мерната станица, вчера во 22:00 ч. измерена е многу висока загаденост од 134 µg/m3, додека утринава во 09:00 ч. истата иснесувала 98 миркрограми на метар кубен. Загаден воздух жителите на Кочани дишеле и во текот на ноќта, за што говори и статистиката.
Вчера пак, на социјалните мрежи кружеа фотографии од страна на револтирани граѓани од фабриката „Пејпер Мил“ . На нив јасно се гледа густ чад кој излегува од фабричкиот оџак и создава црн облак над дел од градот.
Државниот инспекторат за животна средина претходно ја казни фабриката „Пејпер Мил“ со износ од 20 000 илјади евра откако резултатите од мерењето на емисиите биле над дозволените граници. Сепак и покрај ова, „Пејпер Мил“ продолжува да си игра со трпението на граѓаните, а најавени се и можни протести пред фабриката.
Очигледно проблемот со загадувањето на Кочани ги интересираат само поедини жители и граѓански активисти. Локалните власти засега не изгледа дека имаат вистинска визија и желба за решавање на проблемот, особено не со „Пејпер Мил“.