Кочани: Тридневен камп на Репрезентацијата на Македонија во борње во женска конкуренција

Градот Кочани и  Боречкиот клуб „Спартак“ викендов се домаќини на тридневен боречки камп за девојчиња во организација на Боречката федерација на Република Македонија.

Кампот има за цел подобрување на тактичко-техничката подготвеност како и физичките перформанс на девојчињата. Тренинзите се реализираат под менторство на олимпискиот борач Чедо Николовски и тренерот Ангел Стефанов.

На кампот учествуваат 20-тина девојчиња од боречки клубови од Македонија.

Освен за популаризација на женското борење на кампот и официјално подготовките за претстојното Светско Првенство У-20 кое од 15-21 Август ќе се одржи во Софија ( Р. Бугарија) ги започна репрезентативката Марија Спирковска.

Во работата на кампот се вклучени и три девојчиња од БК Спартак“ – Кочани, Славица Митева, Стојана Митева и Вероника Божинова кои би требало заедно со Марија Христова да бидат иднината на женското борење во Кочани.

Од БФРМ додадоа дека се  залагаат женското борење да појде во нагорна линија затоа и искажаа големо задоволство од репрезентативните настапи на Марија Цветанова на ЕП У-17 во Романија и на Анабела Данилова на СП У-17 во Италија.

И. Матеничарски

Сподели: