Денеска, со почеток од 17 ч., во организација на Општина Кочани ќе се одржи велосипедска тура на релацијата Кочани – Грдовци – Мојанци – Долни Подлог – Горни Подлог – Кочани.
Велосипедската прошетка ќе почне од Градскиот плоштад, пред општинската зграда, а со неа ќе се одбележи Европската недела на мобилност и утрешниот, 22 Септември – Ден без автомобили.
Со велосипедската прошетка на која ќе учествуваат владини и претставници на неколку амбасади и граѓански организации, ќе биде промовирано завршувањето на проектот за патно поврзување на трите села: Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци, како и јавното осветлување на оваа делница.
Градоначалникот Николчо Илијев најавува дека Општина Кочани ќе настојува да создава што подобра инфраструктура за велосипедистите и ќе ги мотивира граѓаните за соодветна сообраќајна култура кон ова превозно средство што не ја загадува животната средина.