Кочанската Општа болница деновиве набави нов ехо апарат со ZONE технологија што во следниот период ќе биде ставен на располагање за пациентите.
Станува збор за нов модерен ехо апарат од марката „Mindray Sonsona N8“ наменет за секаков тип на прегледи.
– Mindray Consona N8 е ехо апарат со револуционерна ZONE технологија која го прави приказот совршен до најситен детал. Апаратот поседува 3 сонди и тоа конвексна, линеарна и вагинална. Наменет е за секаков тип на преглед, уролошки, гинеколошки, кардиолошки, па дури и за преглед на мали делови. Ќе наведам само дел од неговите предности, како што се, автоматско мерење на дебелината на внатрешноста на ѕидот на артериите, панорамски приказ во реално време, автоматско мерење на волуменот на мочниот меур, совршен приказ при лоцирање на замастен црн дроб, иновативна 3д визуелизација и многу други, соопштија од кочанската Општа болница.