СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани доби нов грант од 60 000 денари преку проектот „Меѓуетничка интеграција“ имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско обрзование, преку програмата за Меѓуетничка интеграција во образованието.
Во соработка со партнерското училиште „Неготино “ од село Неготино , Општина Врапчиште, планирано е да се спроведат работилници на теми за промовирање на мултикултура и меѓуетничка интеграција помеѓу средношколците од двете партнерски училишта.
-СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани реализираше бројни активности во рамките на проектот мултиетничка интеграција заедно со партнерското училиште „Неготино“, од село Неготино, Општина Врапчиште. Заради успешното реализирање на овие активности училиштето доби поддршка за реализирање на нови воннаставни активности. Поддршката е од финансиски аспект за обука наставници и ученици за релаизирање на заеднички мултиетнички работилници, соопшти Катерина Димитрова, дефектолог во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.
Димитрова додаде дека со проектот планирани се работилници за учениците од двете училишта со цел доближување на различни култури, нивно запознавање и почитување.
Проектот е спонзориран од УСАИД Македонија и Македонски центар за граѓанско образование и соработка како и Министерството за образование и наука. Рокот за реализација на работилниците е до крајот на 2021 година.
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов