Денес во просториите на кочанската гимназија беа доделени наградите на најдобрите ученици – раскажувачи кои учествуваа на традиционалниот литературен конкурс за краток расказ во организација на Активот по македонски јазик и литература при СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, кој овој пат ги предизвика средношколските размислувања на тема „Новата година – нова надеж“.
Годинава конкурсот се одржува по осми пат. Во конкуренција од 21 учесник кои испратија расказна творба во предвидениот рок по електронски пат, Комисијата, составена од членовите од Активот по македонски јазик и литература, ги избра најдобрите:
Ивана Димитрова – I награда
Сандра Ѓорѓиева – II награда
Антониа Митрева – III награда
Учениците беа удостоени со пригодни награди за оваа прилика. На заедничка средба во училишните простории, пред наградените збор земаа директорот на училиштето и дел од професорите по македонски јазик и литература. Освојувачите на првите три места беа срдечно пречекани и поттикнати за натамошни успеси на поле на литературните остварувања.
Им посакуваме многу успех и во Новата година!
СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани