Одделението за внатрешни работи – Кочани во соработка со Црвен крст – Кочани денеска ја реализираа последната, третта крводарителска акција наменета за вработените во кочанската полиција.
На акцијата која траеше од изутрина до напладне крв даруваа 13 лица, вработени во Полициската станица – Кочани. На годишно ниво, на акциите кои се реализираат во ОВР – Кочани, кочанските полицајци даруваат во просек над 60 крвни единици.
-Ова е третта последна крводарителска акција што се спроведува во ОВР- Кочани за 2024 година. Слободно можам да истакнам дека има интерес за крводарување од страна на колегите, факт што радува и затоа приликата ја користам да се заблагодарам на сите кои даруваа крв на оваа, но и на претходните две крводарителски акции. Полициската станица Кочани на тритте крводарителски акции кои ги реализираме во текот на календарската година придонесува со собирање на над 60 крвни единици што е за почит. Се надевам дека ваквата практика ќе продолжи и во годината што следува, истакна Сашка Стојанова, координатор за крводарување во ОВР-Кочани.
Акцијата се спроведе со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Црвен крст Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи Кочани во текот на годината спроведува три редовни крводарителски акции, во месеците март, јуни и ноемвири, наменети за вработените во кочанската полиција.