Кочанска гимназијалка – првак на државниот натпревар при Сојузот на просветни работници

По повод 150-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер и стратег, Гоце Делчев, Сојузот на просветните работници на Република С. Македонија имаше распишано литературен и ликовен конкурс за основните и средните училишта.

Според објавените резултати, во категоријата за средно образование првата награда ја освои ученичка од кочанската гимназија. Имено, станува збор за Бојана Јованчева, ученичка во 4-5 паралелка при СОУ „Љупчо Сантов“.

Бојана е активен член во повеќе досегашни средношколски настани од локален и државен карактер, натпревари, здруженија, организации и сл. Со наградата таа ја потврдува успешната средношколска приказна како овогодишен матурант. Менторската функција ја имаше проф. Александар Димитров.   

Организаторот наградата ќе ја додели на свечен настан во текот на месец април.

СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

Сподели: